8 совети како да го смирите бебето кое плаче



На повеќето од нас ни се случило да забележиме дека бебето плаче без некоја особена причина, а што е уште пострашно, не престанува да плаче. Нека не ве фаќа паника, најчесто не се работи за ништо сериозно, а во продолжение ќе ви претставиме 8 совети за тоа како да го смирите расплаканото бебе:


soveti kako da go smirite bebeto koe place

  1. Доколку го доите, внимавајте што јадете. Некои типови на храна, како на пример чоколадото или кафето можат да бидат предизвикувачи на бебешкиот плач. Исто така, проверете дали бебето добива доволно млеко додека цица.
  2. Ако бебето се храни преку цуцла, проверете дали шишето е доволно топло. Обидете се да му давате помали количини, но почесто. Така стомачето ќе им биде постојано полно.
  3. Поставете го на меко и топло. Сетете се дека додека сте биле бремени, бебето постојано било во таква околина. Имитирајќи ја таа средина, може да му помогнете да се смири.
  4. Прошетајте ги. Менувањето на просторијата може многу брзо да го промени расположението на бебето и да го смири потполно.
  5. Избањајте ги со пријатна топла вода. Дополнително може да додадете бебешки шампон. Познато е дека ова дејствува релаксирачки.
  6. Измасирајте ги по грбот. Со нежни и опуштачки движења измасирајте го грбот на бебето и ќе забележите како полека се смирува.
  7. Пуштете приспивна музика. Ова може да помогне детето да го забави темпото и да го поттикне на заспивање.
  8. Бидете тивки и зборувајте му со пријатен тон. Во никој случај немојте да почнете да викате, колку и да сте нервозни во моментот.
Дами, како вие го смирувате вашето мало кога нон-стоп плаче?