8 начини да го намалиме стресот на работното место



Едвај има човек, кој не се чувствува под стрес на работното место барем во некои моменти. Секојдневниот живот ни е толку зафатен што тензиите се претвораат во редовен, составен дел од него.


Сепак, постојат неколку начини на кои можеме да си помогнеме сами за намалување на стресот.

Видете кои се тие, велат од Бизнис вести:


Направете си кратка прошетка околу зградата на фирмата каде што работите. Чистиот воздух и приливот на витамин D од сончевите зраци ќе ја раздвижи крвта и ќе ви даде енергија.

Ако работата ви дозволува, решавајте си ги службените средби надвор од канцеларијата. Социјализацијата со различни луѓе во различна средина ја буди креативноста.


Одвојте си еден тефтер на бирото, во кој може да ги пишувате мислите и идеите (не задачите). Ова ќе ви помогне да бидете поорганизирани, обврските ќе изгледаат полесни.

Не држете ѓубре на вашиот монитор. Веднаш фрлајте ( или рециклирајте ) стари листови и документи, како и сите работи кои веќе не ви требаат. Чистата и уредна средина ќе ве натера да се чувствувате релаксирачки и фокусирани.

Секогаш имајте при рака здрава храна и многу вода. Тие помагаат за намалување на нивото на стресот.

Пијте свежо цедени сокови. Прилично канцелариите имаат блендер, но и на многу места веќе се продаваат. Мали се, практични и корисни.

Ставете си ја омилената фотографија, или омилениот предмет на работно место – нешто што ви носи позитивни емоции. Па кога ќе го запрете погледот таму, ќе се сетите дека имате живот и надвор од професионалниот стрес.

Носете си крем со омилен вкус. Лаванда, рузмарин, лимон или еукалиптус. Намачкајте ги рацете со неколку капки. Ем е добро за нив, ем мирисот ќе ги намали тензиите.