7 видови храна до полесно забременување



Веројатно знаете што може да јадете и што не откако забремените. Дали знаете сепак која храна ќе ги зголеми значително шансите да зачнете?


Може и да не ви се верува, но исхраната може да го забрза остварувањето на најголемиот сон – да станете мајки.

грав


Истражувачите од Харвард открија дека жените кои консумираат главно животински протеини, се загрозени 39% повеќе од неплодност. Жените кои сакаат растителни протеини, поретко имаат проблем да забременат. Значи, јадете смело грав. Ако толку не ви се допаѓа, ви препорачуваме леќа, соја, грашак, боранија.

сладолед
Една или две порции дневно полномасни млечни производи, како сладолед, штитат од неплодност. Обезмастено или со малку маснотии млеко го прави токму спротивното. Тоа е така, бидејќи укинувањето на мастите од млекото го менува балансот на половите хормони и ја спречува овулацијата. Не треба да претеруваме, сепак.


лиснат зеленчук
Спанаќот, брокулата, зелената салата и другите темни лиснати зеленчуци се богати со фолна киселина и витамин Е. Конзумирањето ја подобрува овулацијата, и ја прави поздрава семената течност на мажите. Фолната киселина го намалува ризикот од спонтан абортус или генетските проблеми на детето. Истражување покажа дека мажите кои консумираат лиснат зеленчук, имаат 20 % помалку абнормални сперматозоиди.

Текстот продолжува на следната страна:

Страни: 1 2