7 вегански совети за слабеење



Кети Фрестон, е авторка која во својот бест селер „Veganist: Lose Weight, Improve Healtht, Change the World“ или „Веганизам: Намалете ја тежината, подобрете си го здравјето и сменете го светот“,го објави својот 30 -дневен план за постигнување на саканата линија.


Фрестон, која лани ги инспирираше Опра Винфри и нејзините 378 вработени да станат вегани на една седмица, во својата книга ги поттикнува не-веганите да се свртат кон растителната исхрана и со тоа да започнат поздраво и посвесно живеење.

Содржината на книгата може да се сведе на овие 7 совети за здрави прехранбени навики.


Заменете го млекото се не-млечни заменски пијалаци

Престанете да консумирате млеко, за кое и научниците од Харвард се изјаснија дека е штетно, и заменето го со млеко од бадеми, лешници, коноп или ориз.


Секојдневно јадете јаткасти плодови

Тие содржат протеини и „добри“ маснотии, како и влакна. На својот појадок додадете му една дланка јаткасти плодови. Ќе ви го поттикнат метаболизмот, што значи дека побрзо ќе ги согорите маснотиите.

Во јадењата додадете лен

Бидејќи веганите не јадат морски плодови, потребата за омега-3-киселини дополнете ја со ленено семе. Ленот е богат со влакна. Сиромашен е со јагленихидрати, а содржи големи количини Б витамини. Концентриран извор е на влакната со име лигнан кои добрите бактерии во вашиот организам ги претвора во моќно оружје во борбата против ракот.

Јадете супер – храна

Гоџи бобинки, какао, чиа семки, боровинки и кељ се совршена супер- храна која ја подобрува виталноста, енергетизира, детоксифицира и го јакне имуниот систем.

Страни: 1 2