7 штетни навики кои ви крадат од вашата среќа



Нели не си заборавил дека единствениот човек кој има директна контрола врз твојата среќа, сте самите вие? Затоа е толку важно каде ги наведувате вашите мисли и какво однесување избирате.


Погледнете кои се 7-те навики кои всушност ви крадат од вашата среќа, без да си давате сметка за тоа. А потоа отстранете ги. Ќе видите дека резултатот ќе ве воодушеви!

1. Ја потхранувате злобата во себе


Кога ја потхранувате злобата во себе кон некој или нештo, вие како постојано со себе да носите тежок товар. Каде и да одите, што и да правите, тој е со вас. Ви тежи. Не ви дозволува да дишете мирно, да мислите мирно. Не ви овозможува да бидете среќни. Точно е дека човек тешко го заборава разочарувањето, и тешко се справува со горчина. Но, не дозволувајте минатото да ја превзема вашата иднина. Ослободете се од него. Заради себе.

2. Ги критикувате другите

Дали некогаш сте размислувале дека луѓето кои често ги критикуваат другите, всушност не се задоволни најмногу од себе? Дека се држат срамно со останатите, бидејќи заборавиле како навистина да се почитуваат себе си? Не биди еден од нив. Дајте им на другите можност да бидете такви какви што сте. Дај им можност да грешат. Прифати ги. Бидејќи така ќе можеш да се прифатиш и себе. Само така ќе можеш да си среќен или среќна во својата кожа.

3. Зависни сте

Не е важно дали зборуваме за храна, цигари, алкохол, дури секс. Зависноста од било што, ја носи маската на привремено засолниште од стресот, но всушност само и само ја копаат уште повеќе почвата под твоите нозе. Кога знаете дека повторно те обзема желба да отвориш фрижидер или да запалиш уште една цигара, излези на чист воздух. Диши. Ќе почувствуваш како тензиите постепено испаруваат.

4. Поплаки и жалби

Се жалите од врската, од работата, од пријателите и роднините, од килограмите, од непознатите по улиците … се оплакувате постојано. Се фокусирате на работите кои не ви се допаѓаат, наместо на оние кои можат да ги исполнат нашите животи со позитивни емоции. Затоа следниот пат кога ќе посакате да се пожалите, стиснете ги за момент усните. А потоа насмејте се. Животот воопшто не е лош, нели?

Страни: 1 2