7 штетни навики, кои доведуваат до брчки



Француските дерматолози алармираат кои се навиките од секојдневниот живот на дамите, кои предизвикуваат во најголема мера до појава на брчки и предвремено стареење. Погледнете го рангирањето и обидувајте се да ги избегнувате за да ја зачувате подолго младоста.


1. Пиењето со сламка

Следниот пат кога ќе ви донесат коктел, размислете за ова: истражувања на специјалисти покажуваат дека пиењето со сламка води до појавата на брчки на ист начин како пушењето на цигари, објаснува д-р Фредерик Брант, познат дерматолог.


2. Пропуштањето на преглед кај очен лекар

Ако не обрнувате внимание на влошената визија, ризикувате да ја олесните појавата на брчките “Пачино нога”, кои се формираат при продолжено присвивање на очите.


3. Не носите очила за сонце

Не ги заштитувате очите од сончевите зраци и така ќе имате најсигурен рецепт за брчки. Освен дека се задолжителен моден аксесоар дури и во зима, очилата го штитат окото и кожата околу него од штетните влијанија на сонцето и ветрот.

4. Користење несоодветна пудра

Таа води до несовршености на кожата. Пред да ја нанесете, подгответе ја кожата со соодветен производ.

5. Ненаспаност

Помалку од шест или седум часа спиење секој ден води до стареење, вели д-р Мајкл Ројзен, експерт за процесите на стареење. Недостатокот на сон освен тоа го зголемува ризикот од инфаркт, го слабее имунолошкиот систем и го намалува нивото на серотонин.

6. Премногу спиење

Другата крајност сепак редовен сон по повеќе од осум часа на ноќ исто така води до стареење. Истражување на научници од калифорнискиот универзитет покажува дека кај луѓето кои секоја ноќ спијат по осум или повеќе часа, постои висок ризик од прерана смрт.

7. Молив за очи

Повлекувањето на очните капаци, кога го одблеснува окото со молив, ја опушта кожата, а потоа и ја набрчкува.