Додека луѓето си ги ветуваат заветите еден на друг пред олтарот, сите мислат дека конечно ја пронашле вистинската личност со која ќе остареат. За жал, статистиката не се согласува баш со нив – барем секој четврти брак завршува со развод, а според други студии – секој трет. Сепак, разводот не треба да ве плаши, бидејќи тоа е многу подобра алтернатива за несреќниот брак.
Денес ви даваме 7 причини за ова:
1. Ќе имате поголеми шанси да ја запознаете вистинската личност
Додека се во врска, повеќето луѓе потсвесно се држат настрана од спротивниот пол за да не го направат партнерот љубоморен. Ова не е лошо кога сте во среќен брак, но ако чувствувате дека вашата врска ве гуши, дека не сте среќни и не ве третираат добро, логично е да помислите дека можеби сте не со вистинската личност и еден ден ќе сретнете некој посоодветен.
Има жени кои се плашат да останат сами, па се надеваат дека ќе најдат љубов додека се уште се во врска. Овој пристап е неморален и неефикасен. Ако сте слободни, ќе имате многу повеќе можности и многу поголеми успеси со мажите.
Освен тоа, по несреќен брак, ќе имате повеќе искуство и подобро ќе знаете што барате од вашиот иден партнер. Според студиите, вторите бракови имаат многу помала веројатност да завршат со развод бидејќи луѓето подобро се познаваат себеси и знаат што сакаат.
Текстот продолжува на следната страна

Категорија: