7 правила како да избегнете сушење на кожата во зима



Ветерот, ниските температури, централното грење и слични услови допринесуваат кожата да стане сува и склона кон лупење. Сепак, за да ги избегнете овие проблеми следете ги следниве совети и вашата кожа ќе има безгрижна зима.


1. Водете здрав начин на живот

Сето она што го јадете и како живеете, се одразува и на вашата кожа. Немојте да пушите, цигарите се ужасен порок кој вашата кожа ја прави безживотна и склона кон предвремено стареење. Хранете се здраво, пијте доволно количество на вода и редовно вежбајте.


2. Не се туширајте со многу топла вода
Иако бањањето со жешка вода можеби ви е посебно удобно во студените зимски денови, сепак сетете се дека жешката вода не и е пријател на вашата кожа бидејќи го уништува горниот липиден слој што дополнително прави таа да стане сува и без сјај.

3. Не заборавајте редовно да нанесувате хидратантна крема
Во секое време, во секој дел од денот, на работа, во вашата ташна имајте хидратантна крема со која ке ги заштитите вашите раце и ке спречите тие да станат груби и испукани.


4. Носете ракавици
Уште еден добар начин како да ги заштитите вашите раце, е да ги заштитите со ракавици секој пат кога ке излезете од дома.

5. Јадете што е можно повеќе риба.
Не само во зима, јадете риба барем два пати неделно затоа што таа е богата со Омега 3 масни  киселини,кои ја хранат вашата кожа давајќи и  мекост и сјај.

6. Пијте доволно количество на вода
Иако преку лето жедта што ја чувствуваме е поголема за разлика од студените зимски денови, сепак на нашиот организам му е потребно еднакво количество на вода. Трудете се барем целта да ви бидат најмалку осум чаши вода дневно.

7. После секое туширање нанесете хидратантен крем.
По секое туширање, додека кожата е сеуште влажна, нанесете хидратантна крема, или пак некое природно масло. Бадемовото и маслиновото масло се особено погодни за сувата кожа,која пак подобро ги впива доколку маслото се нанесе додека таа е уште мокра. Така кожата подолго време се одржува влажна и хидратирана.