6тиот Саем за венчавки од 11 до 13 март



Шесттиот “Wedding Weekend” или Саем за венчавки и оваа година традиционално ќе се одржи во хотел Александар Палас од 11 до 13 март. За отворањето организаторот подготви специјална програма модна ревија на венчаници и машки костуми и специјален перформанс и ревија на накит и свечен коктел. Ревијата ќе се одржи во саемските сали (1700м2сите три хали) на хотелот, каде излагачите ќе претстават модели од своите нови колекции.


Минатата година за прв пат креациите ги носеа познати личнсти, а оваа година полека но сигурно тоа ни станува традиција. Саемот и оваа година ќе се обиде да им помогне во решавањето на дилемите на идните брачни парови, па освен венчаници и костуми ќе имаат можност да ги видат последните трендови за декорациите на свадба, фотографските услуги, специјалното осветлување, покани за свадба, шминка и фризура, накит, подароци за свадба, ресторани и др.

Влезницата за саемот е 60 денари, а се купува на самото место и е воедно  ваучер кој ќе им овозможи попуст во текот на целата година кај нашите излагачи. Саемот е отворен за посетителите во сабота и недела 12-13 март од 09 до 21 часот.


Овогодинешни излагачи на саемот за венчавки се: Mcouture by Mila Kadriu, , модната куќа Елена Лука, Атеље Нена Конели, Атеље Форевер, Атеље за венчаници Пепика, Dea Sposa, Атеље Лебед, машка мода Сињори, Italian style by Tives, Елизабет Дизајн, Дива Атеље, Драма Бридал Fabres, Tuc, Duni, Casamento, Fancy Marriage, цветен дизајн Еделвајс, цветни декорации Грација, Дуни, Комако, Импакт Груп, фото студио Јасмина, продукција за свадбена кинематографија Flycam, фото Ивама, Струга,свадбена кинематографија Мјелма, свадбено осветлување Клс, свадбено осветлување Инфомедиа, покани за свадба Bella Vita, Танчевски Комерц, , ресторан Маркиз де лукс, , ресторан Роџер Пиано, Александар Палас, , ексклузивен накит од Сигма, кетеринг Гала Кујна, винарија Филовски и др. На самиот евент ќе има десетина модни ревии.Организатор на единствениот свадбен викенд во Македонија е интернет магазинот Во Бело www.vobelo.com. За подетални информации contact@vobelo.com.