6 знаци дека излегувате со незрело момче



Нема ништо поиритирачки за една жена од тоа да има врска со маж, кој не е на нејзино интелектуално и емоционално ниво.


За жал, тоа не се случува ретко, а понекогаш е предоцна за целата слика, сфаќајќи дека сме изгубиле ужасно многу време, инвестирајќи во односите со незрело момче. Не губете нерви и емоции за човекот кој не може да ви биде достоен партнер.

Еве ги знаците кои ќе ви помогнат да откриете дека излегувате со незрело момче:


Не прифаќа грешки

Сите грешиме, но најважно е да се учиме од неуспехот и да го избегнеме следниот пат. Ако тој никогаш не превзема вина и не признава дека погрешил, нема како да порасне и да се промени.


Никогаш нема постојана работа

Не сте тинејџери и секој треба да се грижи за животот. Во почетокот не е лесно, но ако партнерот не се обидува да најде соодветна работа, тогаш целиот живот ќе ви лежи на грбот.

Досега немал сериозна врска

Со една реченица – нема поим што значи врска!.

Ве прашува за сè

Тој е уверен и колеблив. Не може да земе елементарно решение без вас, па вие влегувате во улога на негов родител.

Нема планови за иднината

Да живееш од ден за ден е типична филозофија на незрелите момчиња. После една возраст сепак човекот треба да го промени размислувањето и да почне да прави планови, особено кога има партнер до себе.

Ги избегнува разговорите

Зрелите луѓе седнуваат на маса, кога имаат проблеми за решавање. Ако тој бега од сите сериозни разговори, тогаш вие никогаш нема да ги надминете разликите.