6 најдобри билки за женските болки



Во фитотерапијата постојат билки кои успешно ги лекуваат скоро сите познати болки и болести кај жените.

Во случај на болни менструации благотворно делуваат билките кои што содржат танин. За циклусот да се доведе во ред, се препорачуваат тревки богати со амини и алкалоиди, а за плакнење билки што содржат танин, слуз и етерски масла.


Ситна росница

Помага кај скоро сите женски болести, од болни и нередовни менструации, бел исцедок, спуштена матка и повреди на матката.


Билката ги јакне ѕидовите на матката, па затоа освен што штити од предвремено пораѓање, г олеснува и пораѓањето, а ги ублажува и симптомите на климаксот.

Викаат дека е добро да си ја заситите жедта со чај од оваа билка барем еднаш во денот веќе од третиот месец на бременост.

Очајница

Оваа тревка одамна се користи за лечење на неплодноста. Го нормализира лачењето на хормоните и го урамнотежува хормоналниот циклус, што е предуслов за уредна бременост.
Чајот се прави на тој начин што две лажици од оваа билка се прелеваат со 2 и пол децилитри врела вода, па се процедува после 3-5 минути. Се советуваат од три до пет шолји на ден.

Кантарион

За зачувување на вагиналната флора се препорачуваа плакнење со чај од кантарион. 200 грама врела вода и лажичка од чајот е начинот на подготовка.
Нека стои покриен 10 минути. яндекс. Потребен ви е иригатор кој ќе го наполните со течност, а потоа ќе го поставите во вагината и ќе ја истиснете течноста. Добар лек за сите женски болести е и маслото од кантарион.

Жалфија

Овој чај е многу ефикасен кај брановите топлина и потењето кои се чести во менопаузата. Освен тоа помага и кај промената на расположение и депресија.

Во народната медицина се користи и во последниот месец од бременоста, бидејќи ги стимулира контракциите и го олеснува породувањето.

Добар е и за белиот исцедок. На ден ви се доволни по 2 до 3 шолји чај. Две лажички се прелеваат со два и пол децилитри врела вода.

Невен

Чајот од невен се користи за воспоставување на редовен менструален циклус и смалување на менструалните болки.
Невенот, ајдучката трева и копривата заедно треба да ги користат жени кои имаат цистични промени на јајниците и оние кои се склони кон гинеколошки проблеми.
Чајот не треба да врие, туку само една лажица да се прелее

со врела вода и да стои пет минути.

Ајдучка трева

Одлична е за лечење на менструалните проблеми и прекумерното крвавење. Чајот корисно делува и ги лечи испуканите раце и болните брадавици кај доилките. Сите жени треба да пијат ваков чај барем еднаш дневно.

Дава неверојатни резултати за време на климаксот.
Една лажица од чајот прелијте ја со шолја врела вода и нека стои 10 минути. Немој да шиете повеќе од 2 шолји дневно.