6 начини да одржуваме добра форма без фитнес



Сите сакаме да бидеме здрави, енергични, со убаво стегнато тело и во добра форма, но не се многу оние кои се подготвени да се трудат цврсто во салата за тоа да го постигнат.


Се разбира дополнителен фактор се јавуваат и постојаните обврски, работата и напрегнатото секојдневие, од кои не ни останува ниту време, ниту сили да се занимаваме со ваква дејност.

Еве неколку едноставни правила кои ќе ви помогнат да го одржите телото во кондиција, додека се забавувате.


1 . Танцувајте – користете го танцувањето како средство за одржување на својата фигура. Пуштете си музика, засилете го тонот, заборавете на проблемите и едноставно оддајте се на музиката – Танцувајте лудо во текот на неколку минути. На овој забавен начин ќе согорите доста калории и ќе го тонизирате вашето тело.

2 . Скокови – секогаш кога ќе можете подскокнувајте. Уште – подобра опција е скокањето на јаже. Вежбајте редовно во текот на неколку минути. На овој начин ќе го зацврстите срцето, ќе ја подобрите концентрацијата и ред други работи.


3 . Смејте се – Познат факт е дека смеењето е здравје. Смеата помага за ослободување од стресот и напнатоста, го зајакнува имунолошкиот систем и го подобрува метаболизмот. Покрај тоа, кога се смееме нашиот срцев ритам се забрзува, односно и циркулацијата на крвта, што помага за – добрата здравствена состојба на организмот.

4 . Играјте – Скокајте, трчајте, забавувајте се заедно со децата. Има ли – одличен начин истовремено да им обезбедите незаборавни спомени, а да ги натерате да се почувствуваат весели и енергични и во исто време да го задржите вашето тело во кондиција?

5 . Телевизија – може да ви звучи чудно, но утврдено е дека човек согорува по 70 калории на час, додека стои пред телевизорот. За да се зголеми нивниот број, може да правите лесни вежби за време на последниот серијал, а додека тече рекламниот блок пробајте да повежбате наместо да стоите и да чекате со досада да заврши.

6 . Домашна работа – Бришете прашина, чистете прозорци и согорувајте повеќе калории. Така ги зајакнувате мускулите и ќе го забрзате метаболизмот.