6 начини да имате поубав живот



Има денови во кои се губи време со црни мисли. А треба многу малку, за да ја промениме бојата на животот.


1 . Дневник на задоволствата

Купете тетратка и секоја вечер пишувајте во неа тоа од што сте биле задоволни во текот на денот. Оваа активност е идеален штит против мрачното расположение. Снимајте ги сите позитивни чувства.

2 . Контрастни тушеви


Тие се измислени во Шкотска во 19-тиот век и претставуваат обливање со наизменична ладна и топла вода. Нема подобар почеток на денот – преку таков туш да се стимулира циркулацијата, што гарантира оптимално функционирање на сите органи во телото.

3 . За инает на хороскопот


Утрото започнува со читање на вашиот хороскоп за денот? Одлично, само дека многу често тоа четиво ви влијае лошо и сомнителните предвидувања може да ви го расипат расположението во наредните часови. Заборавете на хороскопот и доживејте го вашиот ден според задачите кои сте си ги поставиле, но според вашите сопствени сфаќања. Ќе видите дека ќе се чувствувате многу повесели .

4 . Храброст !

Поставете цел да се надмине срамот што се доживува во однос на некои луѓе. Започнете со оној кој најмногу ве потиснува, и кажете му го она што никогаш не сте се осмелувале да му го кажете. Дали станува збор за колега, кој се однесува потценувачки кон вас, или за шеф, кој не сака да слушне дека пет години имате иста плата – не е важно. Најважно е да се осмелувате. Тогаш ќе имате поголема самодоверба.

5 . Техниката на морските бранови

Наместо да се борите заморени со нагоните, замислете си дека набљудувате како во морето се издига огромен бран. Потоа пратите како тој го завршува очајно движењето, и исчезнува во водната маса. Овој напор на имагинацијата овозможува да се ослободите само за пет минути од вашата фиксна идеја, која одеднаш почнува да ви се чини незначителна и бескорисна.

6 . Дневник на неуспесите

Можеби сте од оние кои сакаат да раскажуваат за љубовните разочарувања, за своите професионални неуспеси и др. Со овие раскази сепак станувате досадни за околните и ризикувате да си ги расипете односите со нив. Подобро водете дневник за сите ваши проблеми, но изберете хумористичен стил.