Можеби секоја жена го гледала филмa “Јади, моли се и сакај”, создаден според книгата на Елизабет Гилберт.
На патот кон среќата секој човек се соочува со многу работи, учи многу, страда. Како и главната хероина, самата Елизабет, која го напушта животот, кој го познава, но кој ја прави несреќна, за да се впушти во авантурата наречена себеспознавање. На патот, таа дознава многу: како да се насладува на животот, на храната, на светот што ја опкружува. Учи како да се моли и да простува, претежно на самата себе. И најчесто, дознава да сака вистински.
Еве 50 цитати од филмот:
1. Убаво е да имаш скршено срце. Тоа значи дека си се обидел.
2. Треба да се научиш да избираш мисли така, како што избираш облека во гардероберот. Тоа е сила што можеш да ја овладееш. Ако толку сакаш да контролираш сè, започни со умот. Тоа е единственото, над кое треба да вежбаш контрола.
3. Да го изгубиш балансот поради љубов, често е дел од балансиран начин на живот.
4. Емоциите ти се потчинети на твојте мисли, а ти си подреден на емоциите.
5. Мислам дека заслужувам нешто убаво.
6. Во желбата да бидеме сакани, ние создаваме одредени карактеристики на партнерот, такви какви што треба да бидат, а потоа сме разочарани, кога тој одбие да ја игра улогата која сме му ја доделиле.
7. Никогаш не се извинувај за тоа дека плачеш. Без таа емоција, сите ние сме роботи.
8. Единственото нешто помалку замисливо од тоа да си одам, беше да останам. Единствено невозможно од тоа да останам -Да си одам.
9. Се оди. Порано или подоцна.
10. Ја избирам среќата пред страдањето. Создавам простор за непознатата иднина, што ќе биде исполнета со претстојните изненадувања.