5 знаци дека му се допаѓаш



Ова се очевидни и елементарни работи дека му се допаѓаш:

Те бара на телефон, кога што ти рекол дека ќе ти се јави


Ако мажот со кого си се запознала ти рече, ” Ќе ти се јавам ” и го направи тоа, значи те сака. Може да ти се јави денови или дури и недели подоцна, откако рекол дека ќе ти се јави, но тоа едноставно значи дека си План Б, кога сите други се зафатени. Откачи го!.

Ти пишува смс, додека е многу зафатен


Може да е на работа или вечера со пријателите, но оној кој те посакува, ќе ти каже здраво. Може да нема ништо конкретно за кажување, но ќе одржува врска бидејќи мисли за тебе. Сигурен знак дека те сака.

Те поканува на состанок

Мажот на кој му се допаѓаш, ќе заборави на фобии и срамот и ќе те покани на состанок. Ако не паѓа на тебе, веројатно ќе ја избегнува идејата за средба.

Те планира

Дури и да не го бива многу во правење на планови, момчето кое те сака, ќе почне да прави заедничкипланови.

Те испраќа до врата

Може да звучи старомодно, но момчето што навистина те сака, ќе вложи напори да се однесува како џентлмен.