5 задолжителни секс прашања за партнерот



Сексологот Пети Бритен тврди дека, да се зборува за секс со мажот, со кого една жена има намера да живее, не е помалку важно од дискусијата за финансиските прашања или плановите за иднината.


Ако двојката не дискутира за сексот во почетната фаза на односите, да се зборува за него подоцна ќе биде се потешко и потешко вели таа.

Секој заслужува да се реализира и да сфати каков е всушност, дури и во кревет. Но, кога вие не разговарате за сексуалните прашања и желби, тоа ви пречи на самореализацијата, а неостварените сексуални желби нема да исчезнат.


Напротив, тие ќе станат остри и чести.

Затоа, штом ќе почувствувате дека е дојден најзгоден момент, започнете разговор за она што ви се допаѓа во креветот, откако ги поставите следните 5 прашања:


• Што ви се допаѓа во сексот?

• Може ли да ти кажам што ми се допаѓа во сексот?

• Што очекуваш од сексот во нашите односи?

• Кое е најубавото, а кое најлошото во нашиот сексуален живот?

• Каква смисла би сакале да му дадеме на сексот во нашите односи?

Поставете ги овие прашања, одговарајќи на овие прашања искрено со партнерот и среќните и хармонични односи под покривката ќе ви бидат загарантирани.