5 вообичаени грешки кои водат до разделба



Меѓучовечките односи се комплицирани и двајцата партнери треба да бидат доста трпеливи и подготвени на компромиси, за да можат да ја задржат врската. Не сите грешки сепак можат да бидат простени, а понекогаш дури и незнаењето е причина да се дистанцирате од другиот.


Еве и кои се 5 од најчестите грешки кои стануваат причина за разделба:

Недостаток на комуникација


Постојаното комуницирање меѓу партнерите е многу важно за здравата врска. Недостатокот води до отуѓување, разминување и скандали. Токму комуникацијата е клучот за страста, довербата, почитувањето, љубовта.

Премногу големи очекувања


Во почетокот на врската сè е мед и млеко, и во даден момент гледате дека односите не се токму такви какви што сте си ги замислувале. Сите имаме очекувања и барања и дури првично да не се исполнат, се надеваме другиот да одговори на нив. Но, кога тоа не се добие, само се лутиме.

Одложување на проблемите и разговорите

Како што се вели: Важната работа не се остава за утре. Ако имате проблем со вашиот партнер, не чекајте да помине време за да го решите. Така само ќе се продлабочи и потоа може да не успеете да се справите со ситуацијата. Во љубовта не се чека, уште повеќе, ако живеете со овој човек, бидејќи тензиите се акумулираат и конечно ќе реагирате многу импулсивно и крајно без да размислите.

На тајност

Довербата е клучна за стабилната и вистинска врска. И кога тајните ги притиснат вашите односи, доаѓа и растојанието. Секој има свои ситни тајни, но кога криете нешто посериозно од партнерот, не очекувајте тој / таа да го толерира таквото однесување и да не бара одговори.

Сексот

Врската без секс е како јадење без сол. Ако интимниот живот не е на ниво, се доаѓа до изневерувања, кои неминовно водат до разделба.