5 вистини за модната индустрија, кои не сакате да ги знаете



Во последно време модната индустрија добива доста негативни критики. Прекумерна количина, отворена сексуална реклама, хуманитарни прашања, тужби и слично.


Гигантите во овој бизнис вложиле милиони долари за масивни PR кампањи. И покрај сите овие напори, вистината останува – модата е една од најпознатите валкани индустрии во светот.

Еве што не сакате да знаете за неа:


1. Колекциите се направени така што ќе ве натераат да се почувствувате старомодни само по една недела.

Во минатото имаше три модни сезони: пролет / лето и есен / зима. Денес модната индустрија произведува 52 „микро сезони” годишно. Со новите тенденции кои доаѓаат секоја недела, целта е потрошувачите да купуваат повеќе облека за да бидат модерни.


2. Попустите воопшто не постојат.

Многу луѓе сакаат да купуваат само на попусти, кога мислат дека склучиле добра зделка. Но тие секако не ја виделе претходната етикета со цената. Всушност, големите модни брендови не ги намалуваат своите квалитетни парчиња.

3. Во алиштата може да содржи олово и опасни хемикалии.

Модните синџири се уште продаваат чанти, ремени и чевли со олово, иако имаат потпишано договор за ограничување на употребата на тешки метали во нивните производи. Високите нивоа на штетни супстанции се поврзуваат со неплодност и зголемен ризик од инфаркти, мозочни удари и висок крвен притисок. Всушност, оловото е само дополнување на коктелот од пестициди, инсектициди, формалдехид и други познати канцерогени суспстанци, кои се наоѓаат во нашите алишта.

4. Облеката е дизајнирана да се распаѓа.

Модните гиганти ни продаваат облека, која брзо се изобличува при перење и употреба. Истражувањата покажуваат дека просечниот Американец исфрла текстил за 112 долари годишно. И не станува збор за донација на облека од добротворни продавници, туку за нови алишта, кои по неколку носења одат во ѓубре.

5. Додатоците се дело на детски раце.

Милиони домашни работници, скриени во некои од најсиромашните региони на светот, шијат етикети, апликации и додатоци по облеката. Често овој труд се врши со помош на нивните деца. Се разбира, постојат машини кои ги вршат сите овие активности, но тие се многу поскапи. Да не зборуваме дека текстилната индустрија е позната по една од индустриите со најниски плати.