5-те најдобри земји во светот за дамите претприемачи



Да почнеш свој бизнис не е воопшто лесно. Особено ако си жена. Но, ако си жена претприемач во САД, имаш значително поголема шанса да успееш. Според светското истражување Gender-GEDI, Америка ги нуди најдобрите услови во светот кај бизнисменките.


Истражувањето се фокусира на претприемничката средина и “екосистемот” во земјите, како и врз амбициозноста на дамите. Со други зборови – во одредени земји има повеќе жени, кои создаваат работни места преку своите компании, кои без поголеми тешкотии ја прошируваат својата дејност на нови пазари и ги реализираат можностите кои им се обезбедуваат.

„Анализата е интересна, бидејќи не се фокусира на количината на дамите претприемачи, туку на квалитетот на нивната работа”, изјави раководителот на проектот Рута Аидис пред CNN Money.


На прво место се САД. На второ е рангирана Австралија, а на трето – Германија. Четвртата и петтата позиција се заземаат од Франција и Мексико. Сите овие држави добиле високи оценки по показателите „права на жените”, „пристап до капитал и образование”, „развој на стартап”.

„Само 37% од сите претприемачи во САД се жени. Да, земјата бележи прогрес, но се уште постојат бариери”, вели таа.