
Има потреба да ја дознае вистината.
Ако му се јавиш само за да разбереш зошто љубовта помеѓу вас исчезнала, ќе се разочарате, иако некои психотерапевти веруваат дека конечното разјаснување е потребно за да продолжите понатаму со својот живот и да имате повеќе здрави врски.
Треба да разговарате за финансиите
Ако сте живееле заедно, или имате нерешени финансиски прашања, треба да постапувате како одговорни возрасни и да комуницирате додека ги решите. Ако разделбата била толку тешка што не можеш ни да замислиш да си зборуваш со поранешниот, замоли некој кој е непристрасен, да ти помогне.
Имате деца
Треба да се однесувате како одговорни и добри родители и треба да си комуницирате поради децата. Специјалистите за брачната терапија советуваат да почитуваат неколку едноставни правила, кога комуницирате со поранешниот.
Љубовта не е завршена
Сосема е возможно старата љубов да пламне повторно. Ако и двајцата се уште не сте врзани со други луѓе и сакате да се обидете да се повторно, обидете се. Но не заборавајте дека сосема можно е тој да не се интересира за оваа опција, колку и да сакаш.
Страни: 1 2