5 сигнали дека мажот до тебе е себичен



Себичните мажи се најлошите мажи за врска, а ако не сте сигурна дали вашето момче е еден од нив, овие знаци ќе ви откријат дека нему му е грижа само за самиот себе.


Не слуша

Не го интересира тоа што ти имаш да му го кажеш, а ќе ти покаже со тоа што постојано ќе те прекинува кога ќе започнеш да зборуваш.


Зборува само за себе

Себичниот маж во повеќето разговори ќе сака да зборува само за себе. Другите работи не го интересираат, тој е најважен во целата приказна, па не е реткост ти да знаеш скоро се` за него, а тој ништо за тебе.


Доцни

Еднаш или два пати е во ред, но ако секој пат мораш да го чекаш по 15 минути, значи дека не му придава важност на твоето време. Ваквиот маж ќе мисли прво на себе во секоја ситуација во која ќе се најдете.

Го правите само она што тој го сака

Во врските треба да постои компромис и почитување на обостраните интереси и желби, но ако го правите само она што тој го сака, со време ваквата врска ќе прерасне во своевидна диктатура.

Сексот е само негово задоволство

Вистинскиот маж ќе се чувствува прилично лошо ако дознае дека не ја задоволил жената во кревет, но на овој себичниот нема да му биде гајле. И да му кажете, тој нема да се потруди да се промени и конечно да ве задоволи.