
Се случува однесувањето на блиските и пријателите да нè изненадува – тие се понервозни, појадовити, незадоволни од животот или дури очајни, но не придаваат на некаков здравствен проблем, туку на моментална иритација или лош период. Кога сепак оваа промена во однесувањето е сигнал за нешто посериозно како скриената депресија?
Видете неколку знаци по кои да познаете дали вашите блиски се имаат сопнато во стапицата на тоа подмолно заболување.
1. Тие се офанзивни.
Гневот и нервозата се два од знаците на депресија. Кога зборуваме за депресивна состојба, најчесто си претставуваме перманентно мрачно расположение, чувство на беспомошност, апатија и меланхолија. Најчесто овој знак на депресија се јавува кај мажите.
2. Тие се изолираат.
Кога некој е во депресија, обично губи секаков интерес за случувањата околу него, па дури се повлекува и престанува да се занимава со работи кои претходно обожавал да ги прави. Социјалното повлекување може да се случи и на ниво пријателски круг, семејство, па дури и љубовна врска.
3. Се повлекуваат.
Луѓето кои се во депресија, можат да продолжат да прават планови со вас. Проблемот е што обично одлучуваат дека нешто им се прави и се согласуваат да учествуваат, но кога ќе дојде време и планот треба да се остварува, веќе не сакаат да бидат дел од него.
Страни: 1 2