5 работи кои се случуваат на долгогодишните парови



Начинот на кој го гледаме светот се менува, кога сме со некого долго време. Освен тоа се менуваме и ние самите. Сè, од начинот на кој размислуваме – до начинот на кој работиме.


Според авторот на книгата “Овластувањата на двајца” Џошуа Шенк, овие мали промени се катализатор за различен вид мисловни процеси. Споделеното размислување, така да се каже, им овозможува на паровите да излезат со креативни решенија на проблемите.

Ова според психолозите се, знаците кои карактеризират исти размислувања, информираат од “Бизнис инсајдер”:


Вие и вашиот партнер развивате сопствен јазик

Според универзитетско истражување, тајната комуникација постигнува две работи: прво, помага да се продлабочат вашите односи и второ, создава заеднички идентитет. Утврдено е дека колку почесто паровите користат тајни зборови и фрази, толку се посреќни.


Не се самоцензурирате

Начинот на кој повеќето од нас разговараат со непознати, познаници и дури блиски е значително различен од начинот на кој разговараме насамо со партнерот. Кога сме со други луѓе, повеќето си наметнуваме цензура, за да може да им угодиме на луѓето околу нас, пишува Шенк.

Страни: 1 2