Трендот во последните години е луѓето секогаш да планираат со години, па дури и со децении во иднина. Уште од пубертетот децата знаат во каква гимназија треба да учат, потоа во каков универзитет да студираат, за да можат да почнат со работа еден ден во некоја голема меѓународна компанија.
Овие адолесценти, а и нивните родители, дури и не размислуваат дали еден ден работата во канцеларија ќе им се допаѓа. Малку луѓе во денешно време се осмелуваат да преземат ризик и да не ја планираат иднината. Можеби ова се само оние кои знаат дека ќе ја наследат семејната професија или оние кои се само мрзливи и не им се учи.
А всушност планирањето воопшто не е толку императив. Еве и пет причини зошто треба да живеете спонтано:
1. Можете да најдете која е вашата страст
Ако немате план, тогаш вие ќе бидете слободни да истражувате во секоја област во животот, која ќе ја посакате. Кога ќе одлучите да одите по одреден пат, но го направите спонтано, тоа значи ова е вашата внатрешна страст, а не она што некој друг решил и планирал за вас (вашите родители на пример).
2. Нема да се плашите од неуспех
Ако вашето семејство сака да станете доктор и соодветно ве подготвува за медицински универзитет, тогаш вие ќе се чувствувате лошо, особено ако медицината не ви е страст. Но, ако одлучите сами што да правите, без туѓ притисок, нема да чувствувате толку голем страв од евентуален неуспех.
Страни: 1 2