5 модни совети од Ријана



Пејачката од Барбадос, Ријана, која е една од највлијателните жени во модата, го претвора секоја тренд во златно правило на секоја жена.


За своите обожаватели Ријана ги откри повеќето чувани тајни кон кои се придржува секој ден:

Прво ѕвездата признава дека преферира други камења, пред вистинските дијаманти. Таа купува голем дел од додатоците од бутикот на мајка си во Барбадос.


Вториот совет, кој го дава пејачката, е да носите јакни. „Можеш да направиш се со соодветна јакна. Можеш да криеш секаква визија под него“.

Градник? Каков градник? “Кога носам туники, никогаш не носам градник. Кога пак сакам да ставам градник, го носам само него, без ништо одозгора”, вели пејачката.


За неа многу важни се и чевлите. Не е важно колку непријатни се тие. “Си велам: Сакам да изгледам така, а болката не е важна”, признава таа.

Нејзиниот последен совет е да ја комбинирате спортската и елегантната визија. Идејата и дошла додека се подготвувала за турнеја. Пред да излезе на сцената Ријана танцувала со патики и послободна облека во комбинација со нејзините костуми. Така таа и го претворила тоа во својот бренд, вели Ријана за cosmopolitian.