5-минутна утринска шминка



Овие едноставни чекори ќе ви помогнат да се шминкате наутро за пет минути.


Кога брзате, одвојте време за добра основа и ставете еден или два брзи акценти, со кои ќе дадете повеќе софистициран изглед на вашето лице.

Еве како:


Израмнете го тенот на лицето со BB / CC крем

Целосното покривање на лицето со крем, коректор, фон де тен, пудра е дефинитивно најдолгиот дел од рутинска шминка. За да си заштедите време, користете BB или CC крем.


Користете бронзирачка пудра

Со ставањето на пудрата за бронзирање на клучните области на вашето лице, може да постигнете огромна разлика. Со само еден брз замав на четката над слепоочниците, по страните на лицето и точно под јаболчниците и веднаш ќе стекнете сосема поинаков изглед.

Очи?

Звучи како нешто што бара многу време и прецизност, но не е задолжително. Експертите издаваат еден трик со кој брзо и лесно да ги средите деловите околу очите. Ова може да се постигне откако нанесете по една линија црн молив над горните и долните трепки. Потоа користете специјалнен апликатор на моливот за разнесување.

Фокусирајте се на усните

Ако сепак одлучите за опуштена шминка, тогаш може да ставите само еден нежен розов сјај.