Мислите дека во порнофилм нема ништо убаво? Сигурно не гледате како што треба! Можеме да ви изброиме пет работи кои треба да ги научите од актерките во филмовите за возрасни:
Повеќе емоции
Порното е сорта на глума. Донесете еротско искуство од филмовите во вашата спална соба. Во тоа вашиот партнер ќе се фати. А вие самата ќе имате поголемо расположение и ќе ги гледате работите многу сликовито.
Целосна разкрепостеност
Во порнофилмовите актерките покажаа сè. Апсолутно сè. И иако станува збор за филм, се создава впечаток дека воопшто не ги интересира како изгледаат. Пробајте да го сторите истото дома, без втората мисла за целулитот и за “најубавиот” профил. Ќе ви се допадне!
Разиграност
Секоја порносцена започнува со флерт, без разлика дали ликовите се водоводџија и клиентка или професорка и студент. Во ниту еден порнофилм актерите не почнуваат со актот едноставно така. Посветете внимание на тоа, играта ја вжештува атмосферата и го подготвува гледачот за претстојниот процес. Пробајте да го започнете сексот со флерт – така се ќе биде многу поинтересно.
Атмосфера
Додадете малку еротски елементи во внатрешноста – свеќи, овошје, убави чаршафи … Како што знаете, вистината се крие во малите детали.
Предигра
Многу луѓе сметаат дека порно филмовите се снимаат главно за мажи кои сакаат веднаш да преминуваат кон актот. Не е така – во убавите филмови се посветува особено внимание и на прелиминарните милувања.