5 иритирачки навики на (пре) заљубените парови



Дали во својата врска размислувате дека може да станете „еден од оние парови“? Ако не ви текнува на што точно мислиме, прочитајте ги наредните пет ситуации и сигурно во некоја ќе се препознаете.


Се повеќе се изразувате со „Ние“

„Ние радо би дошле…“ и слични други конструкции во прво лице множина, ви текнува? Но, не се грижете, сите парови го прават тоа, но само немој да дозволите да ја преминете границата и да го изгубите своето „јас“ и својата индивидуалност и идентитет.


Сите излегувања ви се во пар

Ако случајно сте заборавиле, постојат слободни излегувања само за девојки и само за момци. Не влегувајте во стапицата и не ги заборавајте и своите сингл пријателки.


Користите Фејсбук постови за да си ја докажете љубовта

Постовите како „те сакааааааамммм“ или „уште малку па ќе бидеме заедно“, треба, ако не да се забранат, тогаш барем да се скријат. Ако не знаевте, постојат приватни пораки во кои може да напишете што сакате и да си ја зачувате љубовта меѓу себе.

Станувате неуморни во идејата да спојувате други парови

Толку сте воодушевени со својата врска, што на своите сингл другарки и другари се обидувате да им наместите некој. Тоа е фин потег, но ако претерате може да стане иритирачки. Оставете ги луѓето нека уживаат во самечкиот живот, некои едноставно можеби во моментот не бараат врска.

Мислите дека вашиот партнер е повикан на сите  забави на вашите пријатели

Не заборавајте дека вашите пријатели првенствено ве сакаат и канат вас. Некогаш ќе сакаат да ве видат со партнерот, некогаш сами. Бидете разумни, тој сепак е ваш избор, а не избор на вашите познаници.