4 знаци дека сака да се ожени со вас



Како и жените, и мажите покажуваат знаци дека сакаат да стапат во брак. Доколку вашиот сакан се однесува вака, можете да очекувате дека наскоро ќе ви предложи брак.


Знаци дека сака да се ожени со вас

Ви подготвува изненадувања


Се разбира, пријатни изненадувања 😉 Ви посветува екстра внимание, пали свеќа на масата каде што е вечерата, ја купил кошулата која сте му рекле дека одлично му стои, а ги фрлил старите излитени фармерки или пак спонтано ви донел цвеќе. Сите работи кои сте ги побарале од него, ги извршува – само за да сте среќни

Посветеност


Вие сте центарот на неговиот свет. Тој е секогаш доброволец да ви зготви за јадење само затоа што ве мрзи во моментот, а подготвен е и да дојде во шопинг со вас иако 100% сте сигурни дека тој мрази шопинг. Постојано ве потсетува колку многу му значите и отворено искажува љубов.

Прави планови за во иднина

Ова е еден од најважните знаци дека планира да ви предложи брак. Ви ја раскажува неговата визија, за тоа во каква куќа ќе живее, каква работа ќе има и со што ќе се занимава, како ќе ги минувате заедничките моменти. Ужива во друштво на вашите родители, а и се труди да си поминувате убаво кога сте на гости кај неговите. Сака да имате заеднички финансии, покажува интерес за иднината на вашата кариера. Секогаш е спремен да превземе дел од домашните обврски и одговорно ги извршува.

Деца

За разлика од повеќето мажи, вашиот партнер раскажува колку сака да има деца, како едвај чека да се грижи за нив, па како ќе ги учи на разни работи. Ова е многу важен показател дека сака да бидете неговата животна сопатничка и мајка на неговите деца.  

Оние што сте во брак:Забележувавте ли некое специфично однесување на вашиот сегашен сопруг пред да ви предложи брак?