4 совети за парфемот да ви трае подолго



Парфемот ќе трае подолго ако го нанесувате на т.н. пулсни точки: зглобовите, зад увото, на дното на грлото, од внатрешната страна на лактите.

Еве и уште неколку совети како подолго да мирисате на својот омилен мирис:


1. Држете го парфетмот подалеку од светло, за да ги задржи своите хемиски својства непроменети.


2.Ако сакате подолго да трае неговиот мирис, нанесете го директно на кожата, посебно на оние делови од телото каде што може да го осетите пулсот.

3. Повеќето жени кога ќе го нанесат парфемот на зглобовите од рацете, истите ги протриваат. Ова не помага парфемот да остане постојан, туку баш спротивно, така се кршат молекулите на хемискиот состав и се уништува вистинската срж на мирисот.

4.Втријте малку вазелин или маслиново масло на пулсните точки каде што планирате да ставите парфем. Ова е одличен начин мирисот што подолго да го задржите на своето тело.