
Некои ситуации поврзани со твојот организам бараат забрана на интимните задоволства
број 1
Утре си на гинеколошки преглед.
Воздржувај се 24 часа пред прегледот, бидејќи мали количини од семената течност и вагиналните секрети можат да останат во грлото на матката и да ги менуваат разултатите од ПАП тестот и некои други важни тестови.
број 2
Имаш урино-инфекции.
Сексот може дури да ги влоши работите поради усвојувањето на бактериите во близина на уретрата и меурот.
број 3
Болна од грип или настинка.
Иако според некои луѓе сексот е универзален лек против настинка, ефикасноста во овој поглед е доста сомнителна.
Па, подобро не жртвувајте го здравјето на нејзиното момче. И без тоа едвај ќе доживееш којзнае какво задоволство во случајот.
број 4
Страдаш од габични инфекции. Многу е веројатно сексот да ги зајакне страничните ефекти на габични инфекции.