Loading...

4 работи кои не треба да ги правите за „Денот на вљубените“


Не му се јавувајте на поранешниот

Колку и да паѓате во искушение да се јавите некому кога сте осамени, силно ве советуваме да не се јавувате кај поранешниот партнер. Дури и да е тој сингл, јавување на Денот на Вљубените е потег кој може да се сфати како очај. Наместо да го завртите бројот, јавете се кај некоја пријателка и излезете во диско или во кино. И ќе видиде дека да си сингл за Валентин воопшто не е страшно ако имате добро друштво покрај вас.

НЕ за состанок на слепо

Иако може да си поминете супер, сепак постои голема веројатност да состанок за Деност на Вљубените помине малку незгодно. Каде и да одите на овој ден, ќе бидете опкружени со среќни парови кои се смешкаат едни на други што може да претставува притисок за двајца луѓе кои сега се запознаваат. Дополнително, не ви требаат јадови на овој ден доколку состанокот помине лошо.

Страни: 1 2