
Долгиот и цврст сон значи добар имунитет и доволно енергија за целиот ден. Но, што кога не можете веднаш да заспиете иако сте преморени?
Еве неколку нови начини кои можете да ги испробате доколку сакате побрзо да ви дојде сонот:
Убаво наместете го креветот
Резултатите од неодамнешното истражување покажаа дека доколку го местите креветот секој ден, за 19% ви се зголемува шансата за цврст сон. Промената на чаршафите и навлаките за перничиња исто така ќе ви помогне во тоа.
Убаво изладете ја и проветрете ја просторијата
Се сеќавате на она чувство кога легнувате во кревет на ладен чаршаф? Истовремено ве облева убаво чувство, а ви доаѓа и малку ладничко, нели? Токму тоа мало намалување на телесната температура ќе ја зголеми шансата за успивање.
Бројте овци од 1 до 10, па од 10 до 1
Страни: 1 2