4 неочекувани нешта кои мажите ги сакаат кај жените



Се разбира дека секој нормален маж се загледува по убави (и празноглави) блондинки. Надвор од оваа шега мажите навистина можат да се фасцинираат од неочекувани нешта кај една жена. На пример:


Од природниот мирис на нејзината кожа

Парфемите секогаш го создаваат првиот впечаток. Природниот мирис на кожата сепак е одличен прилог на прекрасната природа на една жена, бидејќи не постои парфем кој ќе трае вечно. Повеќето нежни половинки сметаат дека мажите не забележуваат слични нешта. Всушност воопшто не е така.Кога таа го гледа подолго


Има нешто мистериозно и многу особено во поглед на секоја жена. Кога го гледате подолго од вообичаените неколку секунди, тоа значи дека вие сте заинтересирани за него. Еве ова е вистински комплимент и предизвик секој маж.

Нејзиното лице, кога се буди од сон


Моментот на будење наутро е интимен. Мажите сакаат да ги набљудуваат жените, додека спијат. Нивното лице кога се будат, малку подуено и со блага насмевка, го привлекува секој вљубен човек.

Косата и кога е несредена

Дали знаеш колку време ние, жените поминуваме во тоа да ја поправиме својата фризура? Всушност, сепак на мажите им се допаѓаме и природни.