3 трикови за да се разбудиме освежени



Добро утро, Заспани убавици! Имате проблем со станувањето од кревет наутро? Од komentar.mk не советуваат како најдобро да се справиме со овој проблем:

Променете начин на спиење!

Експертите препорачуваат да спиете на грб. Зошто? Многу едноставно – кога сте свртени на една страна притисокот врз лицето е силен, што може да доведе до рана појава на брчки. Покрај тоа, кога спиете на грб, циркулацијата во кожата на лицето е подобра и веројатноста да се разбудите подуени е многу помала.

Обезбедете си одлична фризура наутро!

За да уживате во обемната и раскошна фризура наутро кога ќе се разбудите, едноставно искористете лесен трик. Пред да си легнете нанесете пена за коса на купчиња. Стутканата коса чешлајте ја високо слично на пунџа, со помош на мек ластик за коса. Важно е да не стега многу!

Спијте во сатенска постелнина!

Уште еден начин да ги избегнете непријатните набори на лицето наутро! Нежноста и мекоста на сатенот ќе се грижат да имате мазна и убава кожа.