3 најголеми заводници според хороскопот кои ги рушат сите рекорди



Нема човек кој не сака да флертува, па дури и ако знае дека ништо понатаму нема да се случи. Сепак, на некои оваа вештина посебно им оди од рака, а астролозите тврдат дека пресуден е хороскопскиот знак, а не карактерот.

Токму така е создадена оваа листа од топ 3 најголеми заводници во Зодијакот, велат од crnobelo:

Лав

Освојуваат без ниту една препрека и со голема фантазија. Ќе ви пријдат полни со самодоверба, со неодолив шарм и насмевка која ќе ја осветли просторијата. Лавовите обично се градски ликови кои ги познаваат сите важни места и луѓе, па со нив не може да ви биде здодевно. Секогаш ќе добиете кралски третман и ќе ве шармираат со прекрасни и по малку заборавени манири. Припадниците на овој знак не сакаат да губат и секогаш војуваат за победа. Заведувањето за нив е еден вид на гимнастика. Уживаат во секој чекор од освојувањето, а недостижноста на „пленот“ ги тера да се потрудат уште повеќе. Лавовите се страстни љубовници, па бидете сигурни дека ако им се предадете уживањето ќе биде комплетно.

Страни: 1 2 3