
29 -годишното девојче од Канзас е сосема близу до тоа да стане еден од највлијателните луѓе во бизнис круговите во светот. Трејси Брит Кул е еден од најдоверливите советници на милијардерот Ворен Бафет. Таа е еден од најмладите директори кои ја раководат компанијата од листата Fortune 500.
Всушност, таа управува со три од нив и е меѓу можните наследници на Бафет на чело на Berkshire Hathaway – компанија, проценета на 300 милијарди долари, по неговото заминување. Трејси Брит Кул е родена во Менхетн, во државата Канзас. Израсната е во семејната фарма, која подоцна ја управува заедно со својот брат.
Таа завршува на Универзитетот во Харвард, каде е меѓу најактивните студенти вклучени во различни деловни настани и добротворни иницијативи. Потоа работи во Lehman Brothers Holdings, Bank of America Corp и 85 Broads.
Потоа таа почнува со работа со полно работно време за Fidelity Investments како аналитичар. Бафет и нуди работа по спојувањето на Berkshire Hathaway и Leucadia National Corp. и Кул патува во сите подружници на BS. Скратува трошоци размества персонал, вклучувајќи високи функционери. Таа станува миленик на Бафет, но не и на вработените.
По намалувањето на трошоците и реорганизацијата, компанијата излегува на профит. Од тогаш наваму станува близок советник на Бафет, кој ја води до олтарот на свадбата ( нејзиниот татко веќе не е меѓу живите ).
Во моментов 29-годишната жена е една од најверојатните наследници на Бафет, кога тој одлучи да се повлече.