25 годишна девојка од Скопје: Влегувам во автобус на ЈСП и шоферот ми вели дека треба да…


Познавајќи ни го менталитетот, не бев воопшто изненадена! Ѝ спомнав на жената на излегување да го пријави во ЈСП. Не знам дали го направила тоа и дали ме чу воопшто, беше многу вознемирена. Ама таквите луѓе постојат и работат тоа што работат, затоа што не мрдаме со мало прсте за да бидат казнети. Во светот, таму некаде, шофер на градски автобус со најголема почит се однесува кон стари лица и инвалиди, затоа што тоа му е должност! Да застане ако треба, да стане од седиштето и да помогне! Ќе лета од работа веднаш, ако не го направи тоа! А не да вреѓа и да пцуе и да се понаша како автобусот да е на мајка му!“

Пошто имаме доста шофери од јсп и од приватниците коишто одма се бунат кога ги сликаме како возат автобус и зборат на телефон, да ве потсетам дека имате рампи за инвалиди инсталирано во автобусите, впрочем затоа се земаа нископодни автобуси, за да можат инвалидизираните лица да се качат во автобус.

По кој знае кој пат ве гледам дека не само што не спуштате рампа за овие лица туку не знаети ниту да застанете прописно на автобуска станица. Не би било лошо да поработите на вашиот професионализам, срамно е вашето однесување. Во Америка шофер на автобус станува од волан да помогне на лицата со количка иако немаат проблем за влегување во автобус и додека не ги смести и обезбеди патниците со пшотешкотии не ја напушта станицата.

Професионалноста на државните и на приватните превозници е на “завидно“ ниво, џабе им проговара човек кога немаат срам и не ни одговараат на жалбите и поплаките.“

Извор:  ДоказМ

Страни: 1 2 3