25 годишна девојка од Скопје: Влегувам во автобус на ЈСП и шоферот ми вели дека треба да… | Lady

25 годишна девојка од Скопје: Влегувам во автобус на ЈСП и шоферот ми вели дека треба да…


Недолично однесување, ароганција, навредливи зборови, се само дел од описите со кои граѓаните ги раскажуваат непосредните средби кои ги имале со возачите на ЈСП, секако со чест на исклучоци. Социјалните мрежи се дел од новите медиуми, па токму овие медиуми граѓаните ги користат и јавно да раскажат дел од непријатните средби кои ги имале со возачите или пак биле сведоци на некоја таква ситуација, пишува ДоказМ.

Изминатиот период се почести се жалбите од страна на користиниците на јавниот превоз упатени до дел од возачите на атобусите. Успеавме да стапиме во контакт со Ана од населбата Аеродром која имаше поплаки за однесувањето на професионалните шофери, а ќе објавиме и дел од статусите на социјалните мрежи кои беа објавени со цел да бидат слушнати од пошироката јавност и со надеж дека ќе стигнат од одговорните лица во ЈСП.

-Непрофесионализам и некултура се зборовите со кои би ги опишала возачите на ЈСП, секако со чест на исклучоци. Со автобус се возам во деновите кога загадувањето е на високо ниво, инаку пешачам и верувајте секое мое влегување е каење зошто сум се качила во автобус. Живеам во населбата Аеродром и си одам со 5ка, возачот кој беше во сериозни години, би рекла блиску пред пензија се однесуваше крајно агресивно и безобразно кон сите патници.

Не застануваше прописно на автобуските постојки, луѓето трчаа да го фатат автобусот, а вратите им ги затвораше во моментот кога стигнуваа да се качат и си продолжуваше како ништо да не се случило. Постојано упатуваше пцовки и недолични зборови до патниците кои стигнуваа до автобусот, како и до возачите на останатите возила.

Страни: 1 2 3