2015 – година на дрвената овца



Во 2015та година настапува годината на дрвената овца. Според источниот календар секоја нова година започнува на првата нова Месечина во знакот на Водолија (по 21-ти јануари). Годината на овцата (козата) започнува на 19 февруари 2015 година и ќе трае до 7 февруари 2016.


2015-та е осма година по ред во 12-годишниот циклус на кинескиот хороскоп. Година на сино-зелената дрвена овца.

Бојата на 2015 година – Сина (Зелена)
Елементот на 2015 година – Дрво.


Зошто токму дрво и како се дефинира овој елемент? Елементот според кинеската астрологија ја карактеризира суштината на астролошкиот објект. Во кинеската астрологија познати се пет елементи:

Елемент на Земјата (годината завршува на 8 и 9)
Елемент на Металот (годината завршува на 0 и 1)
Елемент на Водата (годината завршува на 2 и 3)
Елемент на Дрвото (годината завршува на 4 и 5)
Елемент на Огнот (годината завршува на 6 и 7)


Како што можете да видите, 2015 година, која завршува на 5, ќе биде со елементот на дрвото.

Овца (или коза) – срамежливо и нежно животно благонаклоно во поддршка на одржливи и тврдоглави личности. Несериозните дејства не и се допаѓаат.

Знакот во 2015 година е многу елегантен и шармантен. Овцата е нежна, воспитана, добра, женствена и срамежлива. Тоа би бил најблагороден и елегантен знак, ако ги немаше и негативните црти: несигурност, песимизам, придвирчивост, недисциплинираност, капризност.

Карактерни црти на овци (коза):

Позитивни – мирен и кроток темперамент.

Недостатоци – лекомисленост, неодлучноста, склоност кон каприци.

Овцата (коза) сака – својот мир, сигурност, удобност, напорна работа, сè да е убаво.

Не сака – одговорност, осаменост, скандали со најблиските.

Во љубовта – бара мирна атмосфера, нежност, идила.

Желба – да биде под заштита на своите најблиски, има потреба од емотивна утеха, сака да се однесуваат добро кон неа и да биде финансиски добро.

Во парични прашања – не е во состојба да го контролира буџетот, па за овие прашања се бара ментор.

Луѓето родени во годината на овци (кози):

Дрвената коза (1955, 2015). Оваа коза има добри манири и образование. Вие секогаш имате чувство за мерка и сте среќни со она што можете да го постигнете во животот. Каква активност и да изберете, ќе бидете задоволни со своите достигнувања и иницијативи. Среќа и хармонија во животот.

Огнената коза (1907, 1967). Тоа се кози, кои имаат тенденција да талкаат без наоѓање на дестинација. Имаат чувство за анксиозност, иако им е определено да бидат среќни. Нивниот живот е како бајка, но за да ги постигнат своите цели потребно е да вложат напори.

Земјината коза (1919, 1979). Оваа коза е полна со енергија и активност. Таа премногу често брза, заборавајќи за одмор. Таквото брзање често не води до посакуваните резултати. Сепак, козата е среќна: многу луѓе имаат тенденција да и помогнат со какви било тешкотии. Има среќен и хармоничен живот.

Металната коза (1931, 1991). Оваа коза е со голем внатрешен капацитет. Таа е добар и толерантен човек. Младоста ја става пред многу важни решенија, но нејзиниот живот ќе биде многу подобар, ако е со партнерот кој не само што ќе и ‘помага, но и ќе живее со нејзините проблеми.

Водната коза (1943, 2003). Оваа коза сака да биде во центарот на вниманието. Таа е целеустремена, со брз ум, но претпочита да си ја врши работата. Поседува претерана наивност и треба да биде претпазлива, за да не се искористи тоа.

Што подготвува 2015 година за родените во годината на овци (коза)?

Годината на овцата ќе ве натера да го преиспитате својот живот, ќе се премислите за многу нешта. Можеби ова ќе биде година на фундаменталната промена – на пример да го промените работното место, да се поместите и да се ослободите од лошите навики. Многу промени доаѓаат и во кариерата, но можно е да останете неразбран и да имате конфликти со вашите претпоставени и колеги.

Во однос на љубовта годината на овцата нема да биде премногу поволна за вас. Постои веројатност за различни проблеми.