19 тажни (но мудри) вистини за љубовта



Не секоја љубов е исполнета само со среќа. Секогаш љубовта е прекрасна, посветена и споделена …


Во месецот на љубовта, споделуваме со вас неколку тажни, но бескрајно верни и мудри вистини за љубовта.

1. Довербата во љубовта е како гума – по секоја грешка станува помалa.


2. Ни треба многу малку, за да сме среќни и толку многу, за да разбереме.

3. Цел живот купуваме облека, без да сфаќаме дека ги поминуваме најубавите моменти без нив.


4. Ако бевме со денешниот разум, немаше да ги дозволиме грешките од вчера. Но, ако не си ги дозволевме грешките од вчера, денес немаше да го имаме овој разум.

5. Не треба да се плашиме од губење на некој близок. Луѓето кои ни се испратени од судбината, нема да исчезнат. Оние кои си заминуваат, се за да ни дадат искуство.

6. Нема совршени луѓе, само такви кои одговараат совршено на нашите несовршености.

7. Љубовта не е нешто големо. Туку еден милион мали нешта.

8. Љубовта не е само во бакнежите и допирите. Љубовта е срцето твое да согорува само при помислата дека еден ден може да се разбудиш и твојот човек да ти го нема. Љубовта е нешто саморазрушително.

9. Понекогаш, чекајќи ја вистинската личност, умираме од осаменост, па понекогаш, трпи грешниот.

10. Не треба да обвинуваме никого освен себе. Луѓето ни го предизвикуваат она што им го дозволуваме.

11. Луѓето не се менуваат. Откриваат се.

12. Еден ден некој ќе влезе во нашите животи и ќе ни покаже зошто не сме го добиле од другите.

13. Не треба да љубиме длабоко, додека не се увериме дека човекот не нè љуби со истата длабочина. Длабочината на љубовта денес е длабочината на нашата рана утре.

14. Љубовта не е врска помеѓу двајца, таа е рипсен ластик помеѓу нив. Ако едниот се откаже, болката оди кај оној кој држел докрај!

15. Еден човек е освоен не кога спие со тебе, туку кога не може да заспие поради тебе.

16. Љубовта претставува една прекрасна несреќа: знаеш дека пред тебе има ѕид, и покрај сето даваш гас.

17. По една одредена возраст човек може да биде изненаден само од вистинската љубов. Останатите “циркуси” веќе ги гледал безброј пати.

18. Сите сме добри луѓе, не секогаш и не со секој.

19. Секогаш останува нешто да сакаме …