19 работи кои не ги знаете за левичарите



19. Левичарите се повеќе склони да ја користат десната страна на мозокот, кога зборуваат. Утврдено е дека некои левичари всушност ја користат десната половина на мозокот, или дури и двете страни, кога комуницираат.


18. Левата рака значи превласт во некои спортови. Кога станува збор за спортски активности, како што се тенис или бокс, левичарите често имаат превласт.

17. Левичарите пишуваат побрзо. Левичарите имаат предност кога станува збор за пишување. Тоа е затоа што на редовна тастатура 1 447 зборови (на англиски јазик) може да се запишат само со левата рака, додека само 187 можат да бидат напишани само со десна.


16. Ако ја користите левата рака, вие сте мултифункционална личност. Во 2006 година, истражувачите открија дека левичарите се подобри во справувањето со повеќе задачи, отколку нивните колеги кои работат со десната рака. Тоа е од значење за различни работи, како на пример зборување за време на возење.

15. Тие заработуваат помалку. Иако потенцијалните можности да се занимаваат со неколку задачи истовремено, луѓето кои ја користат левата рака, всушност имаат тенденција да заработуваат помалку. Tака се тврди во извештајот изготвен во 2014 година, од страна на научниците од Харвард.


14. Да си левичар не значи дека ја користиш и левата нога. Истражувањата покажуваат дека да си левичар не мора да значи левото око или левата нога да ти доминира. Проценето е дека 40 проценти од левичарите се со доминанто десничарско око и нога.

13. Левичарите се повеќе склони кон анксиозност. Според студија од 2008 година левичарите се посклони да бидат загрижени. Покрај тоа, тие често се колебаат, за разлика од десничарите, кои се со поголема веројатност да ризикуваат.

12. Поверојатно е еден шизофреник да биде левичар. Изненадувачки извештај од Универзитетот Јеил и на Универзитетот во Тексас покажува дека кај луѓето кои имаат ментални пречки, како шизофренија, процентот левичари е 40 проценти. Општо земено, само 10% од населението во светот се левичари.

11. Кај левичарите почесто се појавува дислексија. Извештај од 2010 година тврди дека од дислексија страдаат почесто левичарите. Тоа е неспособност за читање и разбирање на прочитаното.

10. Левичарите почесто се пркосат на стравот. Според резултатите од истражувањето спроведено во 2011 година и при гледање на филмот “Молкот на јагнињата” “посттрауматичното стресно растројство е речиси двојно кај левичарите, во споредба со оние кои ја користат десната рака. “

Страни: 1 2