18 работи кои ги научив во 2016-та и ќе ги земам со мене во 2017-та



1. Оваа година ме научи дека колку брзо еден човек се појави во твојот живот, со истата брзина може и да си замине од него.


2. Научив дека јас самата сум најдобра пријателка. Бидејќи во долгите непроспиени ноќи, во кои се зјапа во таванот сфатив дека единствениот човек кој го имам до себе и кој нема да си замине, сум самата јас.

3. Научив дека не можам да стојам пред вратата, чекајќи љубовта да се врати.


4. Научив да го чувам своето срце, како и дека е можно да го залепам повторно, откако беше скршено.

5. Научив дека една врска не може да ти ја даде целата среќа, што ти треба, ако прво не си создала здрави односи со самата себе.

6. Научив дека луѓето кои во еден момент ме забавуваат и ми помагааат да ги надминам тешките моменти, потоа може да извлечат килим под моите нозе …

7. Научив дека луѓето на кои можам да сметам се моето семејство и пријателките кои ги познавам од деца, колку и ретко да се гледаме …

8. Научив не само да им простувам на другите, но и на себе …

9. Научив да преземам ризици и сфатив дека понекогаш работите од кои ми е најмногу страв, се оние од кои сум имала најголема потреба да преживеам.

Страни: 1 2