17-годишното девојче, кое доби Нобелова награда за мир



17-годишната Малала Јусуфзаи беше застрелана во главата од талибанците во Пакистан, бидејќи сакала да посетува училиште. Таа преживува и станува активист за правата на девојчињата да добијат образование. 17 годишната Малала, стана најмладиот добитник на престижната награда, забележуваат светските медиуми.


60-годишниот Кајл Сатјарти „ја продолжува традицијата на Махатма Ганди и предводи голем број форми на мирни протести, фокусирајќи се на експлоатацијата на децата за финансиска цел”, соопштува Нобеловиот комитет.

Двајцата се наградени и тие ќе делат премија од 1,1 милиони долари, а церемонијата ќе се одржи на 10 декември во Осло.


„Нобеловиот комитет смета дека е многу важно за еден индуист и муслиманка, т.е индиец и пакистанка да се обединат со заедничка борба за едукација и анти екстремизам”, рече Торбјорн Јагланд, претседател на норвешкиот Нобелов комитет.