15 совети за полесно слабеење



Ова се совети од Каролин Рашфорт, НЛП тренер која 10 години се борела со својата прекумерна тежина. НЛП е невро-лингвистичко програмирање кое се фокусира на врската помеѓу нашиот јазик, нашите мисли и нашето однесување.


Најголемата пречка во борбата со килограмите се вашите мисли и вашите навики. Најчесто веќе имаме формирано слика за самите себе како дебела личност и некаде длабоко во потсвеста веруваме дека не заслужуваме убави работи. Но, ништо не е непроменливо!

Обично мислиме дека ако имаме поубаво тело, среќата и себепочитувањето неизбежно ќе дојдат, но забораваме дека треба прво нив да ги изградиме, па дури потоа губењето килограми ќе биде многу лесно


Да се префрлите од негативен внатрешен дијалог на говор полн љубов, ни најмалку не е лесно. Но, ако често и доволно долго ги повторувате овие позитивни афирмации, вашето размислување ќе започне да се менува, а вие ќе се трансформирате како личност.

1. Верувам во мојата способност вистински да се сакам себеси поради тоа што сум


2. Ја прифаќам формата на моето тело и неговата убавина

3. Јас сум креатор на својата иднина и на своите мисли

4. Ги напуштам штетните навики кога сум во близина на храна

5. Си дозволувам да носам одлуки добри за мене

6. Дозволувам да чувствувам задоволство, исполнетост и среќа сега и тука

7. Ја напуштам грижата на совест што ја чувствувам во врска со мојот избор на храна

8. Го прифаќам телото со кое сум благословена

9. Ги напуштам врските кои веќе не ме радуваат

10. Верувам во себе и ја признавам својата големина

11. Си дозволувам да се чувствувам пријатно во својата кожа

12. Се прифаќам себеси целосно

13. Во моето срце расте љубов кон сите

14. Имам надеж и сигурност за иднината

15. Благодарна сум за телото што го имам и сите негови функции

Користете ги овие или напишете си неколку свои. Дајте им неколку недели и повторувајте ги неколку пати на ден. Запомнете, афирмациите секогаш се изразуваат позитивно!

За неколку недел. телото ќе си го прифатите како пријател, а не како непријател, а со пријатели секогаш е полесно да се излезе на крај, нели?