10 знаци дека навистина се сакате



Иронично, вистинската љубов не може да биде одредена и дефинирана. Сите ја следиме и не се малку оние кои навистина ја откриваат. Разликата е дека вистинската љубов е љубов во својата најчиста форма, додека за романтика доволно е силно сексуално привлекување, за да се одржува жива.


За секој пар важно е да се разбере дали има вистинска љубов меѓу нив, за да сторат сé за да ја сочуваат и да останат заедно. Бидејќи не се малку луѓето кои ја испуштаат и потоа сожалуваат цел живот. Како што рековме, вистинската љубов тешко се дефинира, но сепак постојат неколку знаци кои можете да ги дознаете дека таа постои во вашата врска. Еве кои се:

1. Дарувате безусловно. Без да имате очекувања дека ќе го добиете истото. Само можноста да давате љубов на овој човек ви е доволна, за да се чувствувате добро.


2. Болката и гневот исчезнуваат брзо. Дури и кога жестоко сте се скарале, разочарувањето трае навистина кратко. Сеедно нешто одвнатре ви кажува дека овие ситници не можат да ве натераат да престанете да бидете најблиски.

3. Се жртвувате без да мислите. Без никакво двоумење правите компромиси или го жртвувате времете, напорот и средствата, за да го направите другиот среќен.


4. Мислата дека ќе го повредите некако ве растажува. Тука ги исклучуваме нормалните спорови и расправии. Станува збор за посериозни работи како неверство, предавство, жртвување на своите соништа …

5. Се држите на збор. Кога има вистинска љубов, задолжително има и многу силна совест. Вие едноставно не можете да дозволите да го разочарате овој човек и да не ги исполните обврските и ветувањата.

6. Подготвени сте на сето да помогнете. Кога страда едниот, страда и другиот. Секогаш си пружате потпора и поддршка.

7. Ништо не ве радува повеќе од тоа да го видите човекот до вас среќен. Со голем ентузијазам и задоволство правите изненадувања и гестови, само за да ја видите насмевката на неговото лице.

8. Вие и тој никогаш не правите прељуба. Вие си имате доверба и внатрешно си знаете дека вашиот човек нема да ве изневери.

9. Можете да гледате низ очите на другиот. Вие чувствувате душевна синхронизација. Не треба да прашате за да ги дознаете одговорите на повеќето прашања.

10. Среќни сте! И покрај проблемите, споровите, околностите, недостатоците и мислењето на другите. Собирајќи ги сите негативи на вашите односи, среќата секогаш ја навалува вагата во своја полза.