10 совети за управување со стресот



1. Здраво се хранам – јадам по малку и најчесто алкална храна – овошје, зеленчук, ореви, мешункаста храна. Киселата храна создава стрес за клетките и предуслов е за развој на болести. Намали го месото и животинските производи.


2. Обезбеди си квалитетен и доволен сон – постојаната ненаспаност и несоница го вознемирува телото и умот, не прави повеќе раздразливи, ја влошува работоспособноста и ја намалува отпорноста кон болести.

3. Прави прошетки повеќе – спортувајте, прошетајте се меѓу природата, одете повеќе пеш.


4. Пронајди го твојот начин за опуштање – оди на масажа, јога, медитација, види се со пријателите, консултирајте се со некој за проблемите, слушај музика, истуширај се.

5. Оддалечи ги стресните ситуации во секојдневниот живот колку што е можно – иако не секогаш можеме да ја смениме работата или да ги прекинеме најтешките односи, може да направиме промени, па да ги намалиме работите кои не „притискаат копчињата” секојдневно.

6. Откажи ги цигарите и алкохолот – ако тие се твојот начин да се олабавите или разладите, побарајте други начини кои ќе имаат ист ефект, без да ти наштетат.

7. Остави го стресот од денот пред влезната врата, на пат накај дома – ако цел ден си трпелив и толерантен, а кога ќе се вратиш дома барем нешто ти ја одзема рамнотежата, време е да го смениш пристапот.

8. Погледнете на најважните работи во животот, наместо ситниците.

9. Балансирајте ги негативните емоции со позитивни искуства – ако чувствуваш дека си ја изгубил радоста на животот и те привлекла апатијата, најдете време и мотивација и создајте си пријатни емоции – прави ги работите кои ги сакаш и за кои не наоѓаш време.

10. Најди инспирација и смисла, нешто поголемо од тебе, за што вреди да се бориш – помисли за нештата кои те инспирираат; за промената која сакаш да ја гледаш во светот; најди кауза за која вреди да се посветиш како хоби, а зошто не и како основна дејност.