10 работи во кои 20-годишните веруваат, но не се вистина



Го помните ли времето кога имавте 20 години? Тоа е неверојатен период од животот. Откако ќе го завршите факултетот наоѓате сопствен дом, почнувате работа, го живеете животот како возрасни …


Кога имате 20, животот го гледате на друг начин. Корисниците на Quora разговараа за прашањето какви се митовите за животот, во кои веруваат 20-годишните.

Еве 10 од нив:


Не сте ја добиле работата / Отпуштањето ви делува страшно. Всушност, не е. Ова се случува. Ако ве отпуштат, ќе си најдете друга работа. Ако дечкото ве остави, ова ќе ви овозможи да продолжите напред и да ја дознаете разликата помеѓу добрата и лошата врска. Отфрлањето е важен дел од животот.

Ќе мислите за здравјето понатаму – Лесно е да не се спортува, да се пуши и да се пие многу алкохол, кога на 20 и тоа да не се одразува на надворешниот изглед. Сите штети кои сте ги нанеле на организмот сепак, ќе бидат почувствувани од вас подоцна и ќе се наплатат со камата. Важно е уште од млади да си создадете навика за здрав живот.


Тоа што сте добар во училиште / факултет не значи дека ќе сте добри во работата и спротивното е точно – не мора да сте ѕвезда, за да успеете. Теоријата и практиката се две различни работи.

Сакате сите да ве сакаат – Сакате сите да ве сакаат, но како поминува времете тогаш сфаќате дека тоа и не е баш така.

Образованието ви ги дава сите одговори – Образованието е важно, но тоа нема да го реши вашиот живот. Самиот живот е најдобар учител.

Страни: 1 2