10 работи кои тој ги забележува во првите 10 минути од средбата



Мажите сакаат и истражуваат со своите очи. Затоа треба да посветиме големо внимание на визијата и манирите за време на првата средба со него. Што пиете и колку големо е деколтето се од клучно значење! Погледнете што тој забележува уште во првите 10 минути:


1. Насмевката – Насмевката зборува многу за самиот човек. Мажите не се глупави и лесно ја разликуваат искрената насмевка од вештачката. Премногу сериозен израз исто така не е во ваша корист.

2. Облеката – Луѓето вадат многу заклучоци од начинот на кој изгледате. Истражувањата покажуваат дека еден поглед кон вашиот фустан може да го натера да донесе одлука дали да има втора средба или не.


3. Пијалокот – Пијалокот исто издава по нешто. Ако неумесно си порачувате по неколку пијалоци тој може секако да ве разбере и да не му оставите убав впечаток.

4. Можете ли да зборувате? – Не симулирајте дека имате интерес за некоја тема, ако тоа не е така. Никој не очекува од вас да сте фудбалски експерт или фан на Формула 1.


 5. Фризури – Како сте ја обликувале косата не останува незабележано. Мрсната и бушава коса не ја возбудуваат мажите.

6. Деколтето – Ако тој е вистински маж, тогаш уште во првата минута ќе фрли поглед на вашето деколте. Нека тоа не е до папокот, ниту пак целосно сокриено.

 7. Што имате во торбата? – Ако се појавите со торба, слична на ранец, тоа не прави добар впечаток. Внимавајте и што вадите и покажувате од неа.

8. Шминката –  Темната шминка е за вечерни настани, а тоновите фон де тен стојат како маска на лицето. На мажите им се допаѓа повеќе природна убавина па немојте да се појавите премногу напудрена.

9. Нокти – Нема што да се лажеме – добро оформени нокти е фетиш не само на жените, туку и за мажите. Поддржаните нокти зборуваат исклучително многу за личната хигиена. Дури и да немате долги и црвени нокти, гледајте да се оформени и чисти. Пак е секси!

10. Движењата на телото – Невербалната комуникација е потсвеста и тешко може да биде контролирана. Вашето тело веднаш ќе издаде дали сте под стрес.