10 начини да си го обоите секојдневието




Брзото темпо на модерното живеење, најчесто не ни остава време што може да си го посветиме себеси и на своите најмили, а тоа можеби е најважно ако сакаме да си го зачуваме здравјето и мирот.  Подолу ви нудиме неколку опции како да излезете од секојдневието и енергијата да ја вложите во нешто покреативно и поконструктивно.


 

  • Шетајте во природа

Вратете и се на природата и искористете ги убавините што секојдневно не опкружуваат, но ретко кога им обрзнуваме внимание. Престојот на отворено го намалува стресот, го опушта умот, а тоа ја зголемува креативноста, ја подобрува меморијата и ве прави подобра личност.


  • Вежбајте

Сите зборуваат за вежбањето и здравјето, но ретко кој е посветен на тоа. Корисноста од вежбањето е потврдена од многу студии, а една таква спроведена на Харвард, вели дека ваквата активност е тајната на добриот живот, бидејќи го подобрува сонот, го зголемува либидото, ве прави посреќни и секако го подобрува и вашиот физички изглед.


 

  • Не ги заборавајте семејството и пријателите

Врските во животот се изворот на среќата и вредат повеќе отколку што мислиме. Осаменоста може да доведе до срцев напад, излив и дијабетес. Долговечноста на човекот се должи на успешните и плодни врски и долгите и цврсти пријателства.

 

  • Бидете благодарни

Отворено и често изразувајте благодарност. Ќе ги подобрите меѓучовечките односи во животот,  ќе зрачите ведрина и тоа дефинитивно ќе ве направи подобра личност во сопствените очи.

 

  • Медитирајте

Медитирањето, како и различните техники за опуштање го намалуваат стресот, лутината и депресијата. Одвојте само 10 минути од денот и бидете постојани. Набрзо почесто ќе се смеете.

 

  • Пазете на добриот сон

Уморот е кочница кон доброто расположение и среќата. Недостатокот на сон може да го намали имунитетот и да доведе до нервози и напнатост.

 

  • Поставете си предизвици

Одредете цел во животот, научете нешто нов секој ден и така ќе го одржувате умот млад и бистар. Часовите по музика докажано ја зголемуваат интелигенцијата. Правете се што ќе ве одржува активни како на ментален, така и на физички план.

 

  • Смејте се

Хуморот како начин да се справите со проблемите, ќе ви го зголеми имунитетот, ќе ги намали ризиците од срцев удар и ќе ви го продолжи животот. Смејте се и кога реално нема вистинска причина за тоа.

 

  • Држете долги прегратки

Допирот го намалува стресот, исто како и бакнувањето. Сексот е еден од најважните извори на задоволство, а здравјето ќе ви биде загарантирано.

 

  • Останете оптимист

Оптимистите живеат подолго, поретко заболуваат, посреќни се и поуспешни.